Почетна ЕкономијаСе крадат илјадници евра од граѓаните – повторно активирани измамниците кои по телефон изнудуваат пари

Се крадат илјадници евра од граѓаните – повторно активирани измамниците кои по телефон изнудуваат пари

од nenad
1 минути читај за
Фото: Принтскрин објава од Фејсбук

Повеќе вакви случаи имаше и во претходните месеци. Во мај годинава во Кочани, 75 годишна жена била излажана од едно лице дека нејзиниот внук прегазил мигрант во Германија, за што и побарал пари за да му помогне. Тој побарал 60.000 евра. Како што било пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло друго лице на кое таа му дала 251.400 денари.  МВР минатиот месец предупреди за овие измами. „Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици.

Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша женски глас кој бара помош“, изјавија од СВР Скопје минатиот месец. Оттаму известија дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираа до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани веднаш да пријават во полиција.