Емили Ратајковски, една од најпопуларните манекенки на денешницата, го прослави својот 34-ти роденден во стил кој само таа може да го изведе – смело, провокативно и без компромис.
На приватната роденденска забава присуствуваа блиски пријатели и колешки од модната сцена, но она што ја згреа атмосферата не беше само музиката – туку тортата во облик на нејзината позната „заднина“!
Јавноста веднаш ја препозна пораката: омаж на нејзините провокативни фотографии кои редовно ги споделува на социјалните мрежи.
Најдобар роденден досега. Благодарна сум за љубовта, пријателите и заедницата,“ напиша Емили на Инстаграм, каде што ги сподели жешките моменти од вечерта.
Поврзани објави
Коментарите на обожавателите се редеа во еден глас:
Божеее, каква торта!“, „Прекрасна како секогаш“, „Среќен роденден, кралице!“
Емили уште еднаш потврди: кога таа слави, и модата и телото говорат јасно – без цензура.
Фото: Инстаграм