Почетна Убавина и здравјеСе зборува дека кралицата Камила се пропила заради неа! – Убавина и здравје

Се зборува дека кралицата Камила се пропила заради неа! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

По борбата со ракот, Кејт Мидлтон одлучила ништо да не толерира, па ни строгите правила според кои треба да живее таа и нејзиното семејство

Принцезата од Велс одлучила да ѝ се спротивстави на кралската традиција, за да ги заштити своите деца. Таа одбила нејзините деца да поминат низ обредот „прв лов“ и да убијат елен или лисица. Обичајот налага да ги намачкаат своите лица со крвта од животните што ќе ги убијат.

Оваа традиција ја испочитувале кралот Чарлс, како и принцовите Вилијам и Хари додека биле деца.

Принцот Хари до детали го има објаснето овој обред што и самиот го испочитувал на возраст од 15 години. Во таа пригода, тој убил елен на земјиштето Балморал.

Но Кејт Мидлтон е првата мајка што им забранила на своите синови и ќерка да учествуваат во ловот.

„Снаата на Чарлс, принцезата од Велс, зазеде цврст став и инсистираше нејзините деца да не учествуваат во ова крвопролевање. Принцот Вилијам го нема искажано својот став и со задоволство учествува во ловот со татко му на нивниот имот. Но и тој е свесен дека сè повеќе луѓе остро ги осудуваат крвавите спортови на кралското семејство“, напишал Том Куинерако, автор на книга за тајниот живот на кралските слуги.

Принцот Хари во својата книга „Резерва“ објаснил како изгледал неговиот прв лов, кога водичот Сенди му ја турнал главата во утробата на животното кое Хари штотуку го убил:


Поврзани објави

„Полека ми ја стави раката на вратот и ми ја турна главата во лешот. Се обидов да се повлечам, но Сенди ме турна подлабоко. Се шокирав од неговата неверојатна сила. И од пеколниот мирис. Појадокот ми се врати во грло. Една минута подоцна не можев да помирисам ништо, бидејќи не можев да дишам. Носот и устата ми беа полни со крв, внатрешни органи и некој вид непријатна топлина“, детално го опишал процесот.

По објавувањето на мемоарите, групата за права на животните ПЕТА го критикувала принцот поради својот графички опис на древниот ритуал на убивање. Истовремено, самиот Хари посочил дека тој не ја одобрува традицијата и дека со ужас се сеќава на она што се случило.

Кралските обожаватели не се сомневаат дека одлуката на Кејт да ги заштити децата од оваа варварска традиција ја разгневила сопругата на Чарлс Трети. Имено, неодамна се дозна дека состојбата на Камила веќе долго време е на работ. Поради постојаните кавги со Кејт, кралицата пронашла утеха во алкохолот.

Пред некое време, анонимен извор рекол дека сопругата на Чарлс воопшто не се согласува со начинот на којшто принцезата од Велс ги воспитува своите деца:

„Долги години Камила се расправаше со Кејт околу нејзиниот стил на комуникација со децата, инсистирајќи дека сопругата на Вилијам ги воспитува идниот крал и неговите брат и сестра како да се обични луѓе. Тоа ја доведе Кејт до солзи.“

ФОТО: Принтскрин Инстаграм