101
Три возила се запалени рано утринава на улица Венјамин Мачуковски во Скопје. Нема повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Прво се запалил автомобил „рено меган” со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(34) од село Р`жаничино, скопско, а потоа биле зафатени и „пежо” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Џ.(33) и „мазда 3″со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Н.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.