Почетна Убавина и здравјеСе е подготвено за музичкиот спектакл на „Next Time“ во сабота! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Се е подготвено за музичкиот спектакл на „Next Time“ во сабота! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Влезници може да купите и на денот на концертот!Има уште само два дена до големиот концерт на македонскиот музички бренд „Next Time“, кој е закажан за на 17.12 (сабота) во „Спортскиот центар Јане Сандански“.Влезници се уште можат да се купат онлајн преку продажната мрежа на  „https://mktickets.mk/event/next-time/“, а ќе може да се купат и на денот на самиот концерт на билетерата на спортскиот центар.Стефан и Мартин најавија одличен концерт на кој ќе ги пеат нивните познати преработки на едни од најубавите македонски народни песни, а исто така ветија дека ќе ја изненадат публиката и со нови преработки, кои специјално ги избрале за овој концерт. Поврзани објавиСпецијален гостин на нивниот коцнерт е поп-пејачот Влатко Лозаноски – Лозано, со кого заедно ќе го испеат нивниот голем хит „Ја излези Ѓурѓо“.„Некст Тајм“ ќе настапат со нивниот бенд на чело со маестро Николче Мицевски…Пред само еден ден тие на социјалните мрежи објавија и видео во кое уште еднаш ја поканија нивната публика да дојде и да ужива на нивниот концерт.