Кралицата Летиција ги воодушевила сите на отворањето на Олимписките игри со фустан што веќе го има носено претходно
Кралицата Летиција од Шпанија одлучила повторно да облече фустан што го чувала во плакарот на свечената церемонија за отворањето на Олимписките игри во Париз.
Станува збор за славниот фустан на Вес Гордон за брендот „Каролина Херера“ што веќе го има носено претходно на 25 јули 2023 за време на инаугурацијата на Галеријата на кралски колекции во Кралската палата во Мадрид.
Поврзани објави
Станува збор за лелеав фустан во црно-бела боја со А-крој, кој е припиен за телото со појас во црна боја и со интересен цветен акварел дезен. Фустанот, освен што ја истакнал нејзината тенка половина, ги акцентирал и рамениците и деколтетот во стилот на 2000-тите.
Во 2023 година кралицата го искомбинирала фустанот со црни салонки и чантичка во истата боја. Сега, во придружба на својот сопруг кралот Филип Шести, се појавила и на церемонијата за отворањето на Олимписките игри.
Кралицата Летиција е позната по тоа што ги носи истите фустани неколку пати, што е совршен показател дека стилот е вечен и дека добрите парчиња се безвременски. Фустанот што сте си го купиле оваа сезона не значи дека не може да изгледа убаво и кога ќе му помине сезоната. Важен е стилот, а тоа е и пораката што ја испраќа кралицата Летиција.