Почетна Убавина и здравјеСе гледаме на селфи! – Убавина и здравје

Се гледаме на селфи! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Почна 4. панел дискусија поддржана од Herbalife.Како ги користиме паметната технологија, социјалните мрежи и новите медиуми? Бизнисите секојдневно се приспособуваат на новите можности кои ги нуди дигиталната доба, но умееме ли и ние да ги препознаеме бизнис-можностите за секого од нас? Како да го зацврстиме своето влијание на социјалните мрежи?„Се гледаме на селфи!“ – е називот на 4тата панел дискусија во склоп на конферецијата „Профемина“ каде модераторка беше Снеже Велков, а свое учество зедоа следниве панелисти:Кармен Михајловска, член на претседателскиот тим на Herbalife NutritionГоран Николиќ, генерален директор на Herbalife Nutrition за Југоисточна ЕвропаАнгелина Блажевска, ко-основач на FitKit и Coach Foods.Кармен Михајловска, член на претседателскиот тим на Herbalife Nutrition, вели дека се и` се допаднало во организацијата на Herbalife, особено тоа што се дава можност на секого подеднакво.„Во Herbalife се почитуваше што ќе каже жената, да се охрабри и да и се покаже како се прави тоа, a се чувствував исплашено, без поддршка“, потенцираше Кармен која додаде дека  додаде дека самата платформа на Herbalife прави да си материјално задоволен, секој со своите амбиции.„Јас почнав да пешачам на 51 година, и додека се трансформирам себеси, одлучив да помогнам на уште некој и да го искористам трендот на социјалните мрежи“, сподели Михајловска. Поврзани објавиКога сме кај амбициите, приказната на ФитКит послужи како одличен пример за успешна приказна. Ангелина Блажевска, ко-основач на FitKit и Coach Foods вели дека почетоците ги започнала со инспирација од една апликација што ја сретнала на интернет, а која ја поттикнала да размислува на пошироко и тоа да го воведе во Македонија.„Жената мора да биде таа која ќе ги дефинира правилата“ , вели Ангелина Блажевска потенцирајќи дека секој недостаток треба да се претвори во наша предност. „Почетната инвестиција носи една слобода, која потоа сопствениците ќе можат да ја уживаат. Од каде доаѓаат најголемите пари, самото работење на бизнисот, маркетингот пак, е некаков процес кој е во функција за постојано да се подобрува бизнисот“, вели таа.Во последните години Herbalife се фокусира на слободата на луѓето, да стекнат свое знаење и искуство, како да инвестираат, да располагаат со своите финансии, но и како потребните вештини да ги имплементираат за својот бизнис.„На што повеќе луѓе сакате да помогнете, вие сте всушност успешни“, вели Горан Николиќ, генерален директор на Herbalife Nutrition за Југоисточна Европа кој зборуваше за помагањето на луѓето кои сакаат да основаат свој бизнис, да бидат животно среќни и да можат тој животен стил да го спојат со спортот, бидејќи вашиот успех е и нивни успех.„Луѓето често се откажуваат кога е најтешко. Мојот совет би бил да верувате во себе, бидејќи можете многу повеќе од другите. Време е тоа да го покажете“, заклучи Николиќ.Оваа панел дискусија имаше „Селфи предизвик“ каде оној што имаше најфантастична фотографија си доби пакет производи од Herbalife.