Почетна Убавина и здравјеСет од дневен и ноќен крем за лице Canabo Exclusive – Убавина и здравје

Сет од дневен и ноќен крем за лице Canabo Exclusive – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи.

„Реплек“ на една читателка на новиот број на „Убавина и здравје“ ѝ подарува сет од дневен и ноќен крем за лице Canabo Exclusive.

REPLEK Cannabo Exlusive Day Cream е иновативната формулација со антиоксидативното и противвоспалителното дејство на CBD и 24-каратното злато, ја штити и детоксицира кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето.

CANNABO EXCLUSIVE night e иновативна формулација која во совршени пропорции го комбинира канабидиолот (CBD) со 24-каратно злато, со колаген, хиjалуронска киселина, ретинол (витамин А), витамин Е и шеа путер. Не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%.

CANNABO EXCLUSIVE night иновативната формулација со својот богат состав на хранливи материи е наменета за интензивен третман и ефикасна регенерација и подмладување на кожата.

Канабидиолот (CBD) во CANNABO EXCLUSIVE night е природен екстракт добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението коноп (канабис). CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект.

CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин ја зголемува отпорноста на кожата, го намалува губењето на влажноста и предвременото стареење на кожата.

24-каратното злато во состав на иновативната формулација ја подобрува циркулацијата на кожата, го поттикнува клеточниот метаболизам, ја стимулира клеточната регенерација, помага во создавањето на колаген и еластин, во осветлувањето и навлажнувањето на кожата, со што кожата се ревитализира, хидрира и се стекнува со мазна и сјајна текстура.

Покрај тоа, 24-каратното злато може да има противвоспалително и смирувачко дејство. Колагенот делува против знаците на стареење со измазнување на брчките и фините линии, редефинирање на контурите и обезбедување повоедначен тен на кожата.

Поврзани објави

Хиjалуронската киселина ја задржува влажноста на кожата, видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови и кожата на допир е цврста и мазна и изгледа свежа и блескава.

Витаминот А ја намалува појавата на брчки и го подобрува целокупниот изглед на кожата и е најактивен во текот на ноќта. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Шеа путерот ја смирува, измазнува и омекнува кожата.

CANNABO EXCLUSIVE night иновативната формулација со антиоксидативното и противвоспалителното дејство на CBD и 24-каратното злато, ја штити и детоксицира кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето.

Дополнително, колагенот, хијалуронската киселина, витаминот А, витаминот Е и шеа путерот го засилуваат ефектот на кремот, со поттикнување на регенерација на епидермисот, интензивно хидрирање на кожата и обновување на кожата за време на спиењето, правејќи ја видливо измазнета, посјајна и со возобновен изглед.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во септември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта.

Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР