На подрачјето на Центар, вчера во 22:45 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во Градскиот парк во Скопје, вчера во 13:10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода У.М.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На подрачјето на Аеродром, вчера во 15:55 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во Парк шума Гази Баба, вчера во 15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.