По подолга пауза македонската поп дива Каролина Гочева го најави нејзиниот нов сингл, кој ќе излезе денес.
Пејачката преку тизер ја најави песната со наслов ,,Mog Života Dio“, песна на српски јазик.
Како и секогаш Каролина се појавува во беспрекорни изгледи во видеото. Облечена во кафени и борди тонови, со високи чизми, кожена јакна и лелеави куси панталони во комбинација со блуза од тантела, вака Каролина ќе изгледа во нејзиниот нов спот.
Поврзани објави
Повеќе детали таа најави за денес во 19 часот кога и официјално ќе излезе спотот на музичките платформи и социјални мрежи.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/karolinagocheva/