Почетна БалканСЕДУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ВО ПОДРАЧЈЕТО НА НЕМИРИТЕ ВО КОСОВО!

СЕДУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ВО ПОДРАЧЈЕТО НА НЕМИРИТЕ ВО КОСОВО!

од nenad
1 минути читај за
t

Македонски државјани се сместени во непосредна блинна на манастирот во Косово каде утринава беше извршен напад врз полициски службеници на Косово, информираат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

– Информираме дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е информација за седум државјани на Република Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.

Амбасадата на Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани, велат од МНР од каде доаваат дека министерот Османи лично се слушнал со неговата косовска колешка, од каде добил информација дека нашите државјани се безбедни и дека хотелот во кој престојуваат го обезбедува полиција.

– Во текот на денот, во неколку наврати Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со Министерката Гервала, и во моментов косовските полициски го обезбедуваат хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интрвју тие да бидат испратени кон дома.

Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер, информираат од МНР.