Почетна Убавина и здравјеСега велат дека отишол предалеку! – Убавина и здравје

Сега велат дека отишол предалеку! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Стјепан Хаусер ја воодушевил, верувале или не, познатата Селин Дион, која присуствувала на негов концерт во Лас Вегас

Стјепан Хаусер, хрватскиот виртуоз на виолончело, не престанува да ги воодушевува луѓето ширум светот со своите вештини. А се чини дека неодамнешниот концерт во Америка ќе го памети цел живот, бидејќи токму тогаш доживеал незаборавен момент. На негово големо воодушевување, меѓу присутните во публиката била и планетарно популарната канадска пејачка Селин Дион.

Кога сфатил дека музичката икона е присутна, Стјепан одлучил во нејзина чест да отсвири нешто посебно – легендарната песна на Селин од филмот „Титаник“, My Heart Will Go On.

Трогателниот гест на музичарот ги воодушевил присутните, но она што се случило потоа многумина го окарактеризирале како глупав и непримерен потег на Хаусер.

Селин Дион била воодушевена од овој гест и во знак на почит кон Хаусер, станала и му се придружила на долготрајниот аплауз на публиката во арената. Меѓутоа, тогаш сфатила дека целата сала, всушност, ѝ ракоплеска и нејзе, а не само на Хаусер.

Во тој емотивен момент, Стјепан ја поканил Канаѓанката да му се придружи на бината, за да можат уште еднаш, овој пат со заеднички сили, да ја изведат нејзината позната нумера.

Поврзани објави

„Имам сон. Мојот најголем сон е да настапам со вас“, ѝ се обратил тој, но ни тоа не ја натерало Селин да излезе на сцената.

Оваа постапка на Хаусер многумина ја окарактеризираа како „непотребна“ и „неумесна“, бидејќи пред повеќе од една година јавноста ја дозна тажната вест дека Дион страда од синдром на вкочанета личност.

Оваа болест, која брзо напредува, се манифестира со грчење на сите мускули во телото, што неповолно влијае врз способноста на пејачка да го користи најраскошниот инструмент со којшто располага – нејзиниот глас.

Откако Селин љубезно ја одбила оваа искрена и добронамерна понуда, Хаусер ѝ искажал длабока благодарност на Селин поради тоа што присуствувала на неговиот концерт и што го доживеала неговиот музички поздрав како посебен момент.

По концертот, двете талентирани и светски признаени музички ѕвезди се запознале во бекстејџ, а нивното дружење било забележано со фотографија и видео, кои Стјепан ги споделил на социјалната мрежа Инстаграм, заедно со моќна порака:

„Ние сме си најголеми обожаватели еден на друг. Трпеливо го чекам нашиот дует и знам дека таа ќе се врати на сцената посилна од кога било претходно, бидејќи постои само една Селин!“, напишал тој под објавата.