Почетна ЕкономијаСеверен Атлантик: 27 милиони тони нанопластика

Северен Атлантик: 27 милиони тони нанопластика

од nenad
1 минути читај за

Според најновото истражување публикувано од Холандскиот институт за истражување на морињата (NIOZ) и Универзитетот во Утрехт, Северниот Атлантски Океан е дом на приближно 27 милиони тони нанопластика.

Студијата открива дека количеството нанопластика во горните 10 метри од површината на океанот е драстично повисоко од претходните проценки.

Микроскопски честички од нанопластика, со димензии помали од една илјадитина од милиметар, се идентификувани во примероци земени од 12 различни точки низ Атлантикот. Просечната концентрација на длабочина од 10 метри изнесувала 18,1 милиграми на кубен метар вода, додека на дното на океанот измерени се 5,5 милиграми. Највисоки концентрации, од 25 милиграми, се детектирани во водите во близина на европските брегови.

Професорот Хелге Ниман од NIOZ предупреди дека овие ситни честички имаат потенцијал да навлезат длабоко во човековото тело, дури и во мозочното ткиво. “Сега, кога знаеме колку се распространети во океаните, очигледно е дека продираат низ целиот еко-систем – од бактериите и микроорганизмите до рибите и луѓето.” Тој додаде дека “Како тоа влијае на екосистемот, допрва треба да се испита”.

Научниците подвлекуваат дека овие честички не подлежат на отстранување, и затоа од круцијално значење е да се спречи понатамошното загадување.

ссм/фото: архива
Извор: МИА