Почетна ЕкономијаСДСМ: Ова ли е правдата и правната држава која ветувавте претседателке Силјановска?  

СДСМ: Ова ли е правдата и правната држава која ветувавте претседателке Силјановска?  

од nenad
1 минути читај за




Денешната изјава на претседателката Силјановска Давкова која е само марионета на Мицкоски, потврдува дека тие двајцата се на браникот на криминалот и нарко босовите во државата.  Силјановска вели дека имало интересни ликови кои биле помилувани и таа не знаела за кого станува збор. Прво, со ваквата изјава се доведува во прашање и нејзината деловна способност. 

Дали ова значи дека Силјановска утре ќе потпишува и други акти и нема да знае што потпишува? Ова е ризик за државата.  Второ, ако е ова е само лага на Силјановска, тогаш се потврдува дека таа е само извршител и потписник на одлуките да се ослободат криминалци и нарко босови, а нарачките доаѓаат од друго место.  Прашањето е кој и нарачал на Силјановска слепо да потпишува помилувања на луѓе кои не смеат да припарат на улица, а камо ли да бидат помилувани? Дали е тоа Мицкоски бидејќи таа него му должи се. Дали е тоа Филков, пуленот на Димитриески кој е само извршител на позицијата министер за правда?

Јавно ја прашуваме Силјановска, дали се срами што помилуваните нарко босови јавно и се заблагодаруваат на социјалните мрежи за помилувањето за кое наводно ништо не знаела?  Ова што денес им го приредија Мицкоски и Силјановска на граѓаните не е ништо друго туку потценува интелегенцијата и тешка навреда за нив и за сите кои ја поддржаа Силјановска која ветуваше правда и правна држава.   Ова ли е правдата и правната држава кој не ја извадивте од уста претседателке?

Скопје, 23.10.2024

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста