Почетна ВестиСДСМ го осуди уништувањето на возилото на Митева и повика на расчистување на случајот

СДСМ го осуди уништувањето на возилото на Митева и повика на расчистување на случајот

од nenad
1 минути читај за

Партиското седиште на СДСМ / Фото: Архива

Демолирањето на автомобилот на Митева од СДСМ го нарекоа вандалски чин и додадоа дека секоја форма на насилство и вандализам е недозволив и спротивен на вредностите на нашето демократско општество.

   

„СДСМ го осудува вандалски чин на демолирање на автомобилот на портпаролката на ДПМНЕ, Марија Митева. Секој чин на вандализам, насилство или уништување приватна сопственост е неприфатлив и недозволив, спротивен на вредностите на нашето македонско демократско општество“,

се вели во соопштението на владејачката партија.Партијата ги повика надлежните институции да го расчистат случајот, а сторителите да бидат откриени и да понесат одговорност согласно законите.

Реакцијата на СДСМ следува откако претходно денеска, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет (ИК) на партијата, Марија Митева, на својот профил на Фејсбук објави дека утринава го затекнала својот автомобил искршен и демолиран. Објави и фотографии на кои се гледа искршеното задно стакло на автомобилот.

    

Во објавата на Фејсбук, Митева пишува дека со ваквиот чин некој се обидува да ги заплаши неа и партијата, зашто, како што вели, „знаат дека ќе има одговорност за сите криминали“. Но, наместо заплашување, таа вели дека ваквите потези предизвикуваат уште поголема храброст кај неа и кај ВМРО-ДПМНЕ.