„Се апелира, исто така, навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата и да се воздржат од консумирање на алкохол доколку седнуваат зад волан. Со тоа, најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, дотолку повеќе што неприлагодената брзина и минатата година беше причина број еден за најголемиот број од случените сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Тетово“, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
„Вчера од 14 до 20 часот спроведена е уште една од серијата контроли за брзина со која се движат возилата. При контролата биле откриени и санкционирани 20 возила, односно возачи (ТЕ-18 и ГВ-2) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, најмногу за 30 до 50 километри на час. Покрај ова, со соодветни поднесоци било заокружено и 51 (ТЕ) пречекорување на пропишаната брзина во населено место, од кои 3 за повеќе од 50 километри на час, како и 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.