Од кога било локален конфликт може да стане светска војна и светот е поблиску од таа веројатност, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Според Орбан, водачите на западниот свет се зафатени од воена треска и наместо да се промовира мир, светот е поделен. Турција, арапските држави, Кина и некои африкански земји сакаат прекин на огнот и мировни преговори.
Унгарија и Ватиканот се најактивни во промовирање на мирот, но Унгарија исто така треба да има силна армија, вели Орбан.
Од друга страна, државите влегуваат во војни поради деловни шпекулации, одбранбена и економска политика, принципи и религија, најави премиерот на Унгарија.
Унгарија не е противник на мирот, но тоа не значи дека треба да биде беспомошна. Државата може да се брани, но е потребно да се подготви за мир на истиот начин како и за војна, заклучи Орбан.