Саша Матиќ е еден од најплатените забавувачи, а за време на епидемијата на коронавирус влезе во претприемничките води. Пејачот почна да гради луксузен комплекс на Тара.
Саша Матиќ изјави дека во бизнисот влегол со менаџер без никакво искуство.
Така почнавме јас и моите партнери, поточно мојот менаџер Марко Максимовиќ и неговите пријатели. Ме вклучија во таа приказна некаде во периодот на корона, кога немаше работа и така влегов во таа приказна. Не разбирам градежништво, но влегов во тоа за да вложам пари во толку голем бизнис“, започна Матиќ и продолжил:
„Сигурен сум во тоа, бидејќи тоа се мои луѓе, нема ризик некој некого да изневерува. Јас сум малку логистика, завршувам некои работи што не можат, а тоа се однесува на некои други работи како документи, дозволи, но и како човек кој ќе го промовира сето тоа“.
Комплексот се простира на три хектари простор кој граничи со национален парк, а изградбата ќе се одвива согласно сите еколошки и градежни стандарди.
Поврзани објави
Одморалиштето ќе располага со 250 луксузно опремени апартмани со придружни содржини, меѓу кои два големи спа центри на 2.000 м2, теретана, кафулиња, вински бар, ресторани и друго.
Комплексот се очекува да биде завршен до средианта на 2025 година.
printskrin Youtube/ Blic TV