Војаж најпрво остави краток коментар
Братот на фудбалерот Немања Гудељ, Драгиша Гудељ (26), преку својот Инстаграм профил објави дека поради здравствени причини бил принуден да ја заврши фудбалската кариера.
Тој објави емотивно видео во кое зборува за кариерата, но и за здравствената состојба поради која стави крај на кариерата.
Поддршка му дадоа многу јавни личности, а меѓу нив е и младиот рапер Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж.
Војаж најпрво остави краток коментар под споменатата објава:
Горд сум на тебе брате мој“ – напиша Војаж на англиски во коментар.
Поврзани објави
Набргу потоа раперот на својот профил како „приказна“ го објави видеото на Драгиша, а во описот стави само едно срце.
Да потсетиме, Драгиша имаше срцев удар среде натпревар во 2023 година. Најпрвин во март, кога три и пол минути бил клинички мртов, за среќа лекарите успеале да го вратат во живот.
Откако се опорави, му беше вграден дефибрилатор, што му овозможи да се врати на теренот, за жал во декември 2023 година повторно се случи слично нешто.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: