Фините линии на лицето го означуваат крајот на младоста и ниту една жена не посакува да ги има на себе. Во обидите да се преборат со времето, жените користат најразлични козметички продукти и се подложуваат на најразлични козметички процедури, кои најчесто даваат минимални резултати.
Еве која храна ќе ви помогне да ги излажете луѓето за својата возраст:
Овошја и зеленчуци богати со витамин Ц
Британски научници, набљудувајќи ги навиките за хранење на над 4000 средовечни жени, откриле дека редовната консумација на храна богата со витамин Ц го намалува ризикот од појава на брчки со 36%. Боровинките се одличен извор на витамин Ц и антиоксиданси и често се прогласувани за најдобри сојузници во борбата со знаците на старост. Затоа, вклучете боровинки или сок од портокал во појадокот, свежи црвени пиперки во ручекот и брокули во вашата вечера.
Маслиново масло
Маслиновото масло е богат извор на олеинска киселина. Таа е една од масните киселини кои ја прават кожата еластична. Маслиновото масло содржи и други есенцијални масни киселини коишто се борат против воспаленијата во телото, а витаминот Е и полифенолите кои се наоѓаат во него ја заштитуваат кожата од штетното дејство на слободните радикали.
Поврзани објави
Риба и омега-3 масни киселини
Лососот, скушата и другите мрсни риби се богати со омега-3 масни киселини кои прават чуда за вашата кожа. Истражувањата покажале дека редовната консумација на омега-3 масни киселини го намалува ризикот од стареење на кожата со 25%. Уште и оревите, маслото од канола и лененото семе се одличен извор на омега-3 масни киселини.
Домати
Доматите се одличен извор на витамин Ц, но и на супстанцијата ликопен, којашто претставува природен заштитник од рак. Ликопенот го намалува оштетувањето на клетките на кожата и го намалува црвенилото. За најдобро да го апсорбирате ликопенот од доматите, консумирајте ги доматите со маслиново масло.
Јаткасти плодови
Многу јаткасти плодови содржат омега-3 масни киселини. Најчесто овие масни киселини се наоѓаат во рибата, но јаткастите плодови се најдобар нивен растителен извор. Освен тоа, јаткастите плодови содржат и витамин Е, а докажано го намалуваат и нивото на „лош“ холестерол.