Пејачката низ шега им се обрати на организаторите поради студот и напорниот распоред
Пејачката Марија Шерифовиќ им се обрати на организаторите на новогодишните концерти на кои ќе настапува, барајќи – низ хумор – максимално греење, со цел да го сочува здравјето и енергијата во екот на зимските услови.
Таа на 31 декември ќе пее на дочекот на Новата година во Бихаќ, додека веќе на 1 јануари ја очекува концерт во Котор, а двата настани ќе се одржат на отворено. Поради студот и густиот распоред, пејачката јавно апелираше организаторите да обезбедат што е можно подобри услови.
Поврзани објави
Носете дрва, калорифери, смедеревци – сè што постои. Немам време да бидам болна, само ве молам да не се запалиме“, порача таа низ смеа, додавајќи дека по настапите веднаш ја очекуваат нови обврски и патувања.
Во свој стил, таа отиде чекор понатаму и се пошегува дека сака и медицински персонал да ја чека во Будва, доколку по сите настапи пристигне „како коцка мраз“. Пејачката низ шега дури направи и план за „хипотетско“ закрепнување, со цел да биде подготвена за патувањето и настапите што ја очекуваат средината на јануари во Италија.
printskrin youtube – k1 tv – serifovic