Лепа Брена важи за многу храбра жена, која се соочила со многу неволи во животот, но своите проблеми никогаш не ги изнесувала во јавноста, а се трудела да не ги оптоварува своите најблиски со нив.
Здравствената состојба на Лепа Брена во еден период беше многу загрижувачка, а кога се’ беше готово, фолк-пејачката одлучи јавно да проговори за да помогне некому.
Имено, пред неколку години легендарната пејачка откри дека се соочила со болест која погодува многу жени. А, како што и самата призна, болеста е поврзана со ракот на дојка.
Во 2010 година имав сериозна операција на циста на јајниците. Докторот Саша Љубиќ ми рече да го направам тој фамозен БРЦА-тест, каде што се покажа дека имам мутиран ген и голема шанса и можност да добијам рак на дојка. Мојот тумор-маркер беше многу висок и итно отидов на операција на циста на јајниците – изјави Брена, а потоа продолжи:
Еден или два дена не можев да го повторам мојот телефонски број, бидејќи бев многу шокирана. Толку се плашев дека нема ги изведам децата на пат, дека може да се случи се’. Ужасни слики ми блеснаа низ мислите. Сепак, подобро е навреме да прифатите некои тешки факти и да знаете да се борите со нив и да не бегате од проблемите – изјави Брена, која во тој момент се подготвувала за два концерта во Арена.
Поврзани објави
Сепак, за сето тоа молчела за да не ги вознемири луѓето кои работеле со неа. И покрај тоа, болеста на Лепа Брена ги вознемири сите, но и самата пејачка.
Плачеше секој ден, го молеше докторот Љубиќ да ја спаси, велеше дека не сака да умре од рак… Низ главата ѝ поминуваа најцрните мисли. Ја тешевме колку што можевме – откри пријателката на Брена.
Жените треба да знаат, а јас тогаш го научив тоа, дека кога БРЦА-тестот е позитивен, повеќе не смеете да користите никакви хормонски препарати. Почнав да живеам по сите тие правила што ми ги наложија лекарите. Сето ова сега го кажувам токму затоа што со оваа порака сакам да ја подигнам свеста на жените дека треба да направат тест, бидејќи веднаш знаете дали имате можност да заболите од рак или не. На овој начин можете да си ги спасите животот и здравјето, бидејќи многу жени заболуваат од рак на грлото на матката, јајниците или дојката, без воопшто да знаат од каде потекнува – изјави Брена која на овој начин им испрати многу важна порака на жените.
Фото: Instagram @lepabrena