Почетна ЕкономијаСАД со санкции и распишани потерници против кинески кибер криминалци и компании

САД со санкции и распишани потерници против кинески кибер криминалци и компании

од nenad
1 минути читај за

Министерството за правда на САД санкционира повеќе хакери од Кина, и распиша потерница вредна десет милиони долари за информации за вработените на „i-Soon“ полутајна кинеска компанија која се занимава во криминални дејности во кибер пространството.

Обвинети се кинеските државјани Џоу Шуaј и Јин Кеченг, осум вработени во „i-Soon“,  и двајца офицери на кинеското Министерство за јавна безбедност.

Дополнително, САД воведоа санкции против Џоу Шуaј, кибер-актер и трговец со податоци од Шангај, и неговата компанија, „Shanghai Heiying Information Technology“.

Шуaј нелегално прибавувал, посредувал и продавал податоци од високо чувствителни критични инфраструктурни мрежи во САД, вклучувајќи ги одбранбениот индустриски сектор, комуникациите, здравството и владините институции.

Против него е објавена и потерница вредна два милиони долари. – Кина обезбедува засолниште за приватни компании кои спроведуваат злонамерни кибер-активности против САД и партнерите.

Тие исто така се ангажирани од кинеската комунистичка партија во разни нивоа на контрола и ефикасност.

Кибер-актерите поддржани од Кина остануваат една од најголемите и најупорните закани за националната безбедност на САД, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот. кб/   .

Извор: МИА