Руска вакцина против канцер успешно ги заврши претклиничките тестирања и е подготвена за примена по добивање на дозвола, изјави Вероника Скворцова, директорка на Руската Федерална медицинско-биолошка агенција (ФМБА).
“Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина.”
Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на претклинички испитувања. “Вакцината е подготвена за употреба, чекаме лиценца”, рече Скворцова.
Како што напомена таа, студиите ја докажаа сигурноста на вакцината, вклучувајќи ја и можноста за повторна употреба, како и нејзината голема делотворност во смалувањето на димензиите и успорување на развојот на туморите. Исто така, резултатите покажаа зголемено преживување на пациентите. “Планираме да почнеме да го користиме кај колоректален карцином.”
“Во исто време, во последната фаза имаме вакцина за уште два типа тумори – глиобластом, еден од најопасните тумори на мозокот, како и одредени видови меланом, не само на кожата, туку и на очните мембрани. Ова е многу тешка и брзорастечка болест, па затоа овие локализации ќе бидат следни”, подвлече Скворцова.
Таа потсети дека во ноември 2024 година, на средба со претседателот на Русија, објавила дека ФМБА планира да почне со употреба на вакцина против рак за индивидуализиран третман на пациенти од 2025 година.