Почетна ЕкономијаРусија и Украина разменија по 150 воени заробеници

Русија и Украина разменија по 150 воени заробеници

од nenad
0 минути читај за

05/02/2025
ВЕСТИ, СВЕТ


Русија денеска соопшти дека разменила 150 воени заробеници со Украина за исто толку руски затвореници и ова останува една од ретките теми на кои двете земји во војна успеваат да соработуваат.

Руското Министерство за одбрана, кое ја објави размената, соопшти дека Русите во моментов се во Белорусија и добиваат „психолошка и медицинска помош“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, од своја страна, на Телеграм напиша дека „денес е добар ден за Украина бидејќи враќа 150 свои бранители од руско заробеништво“. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА