Почетна ЕкономијаРомската фондација за Европа донира 10.000 евра за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани

Ромската фондација за Европа донира 10.000 евра за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани

од nenad
1 минути читај за

Ромската фондација за Европа изрази сочувство до најблиските на жртвите во пожарот во Кочани и објави дека донела решение да додели 10,000 евра за помош на семејствата на младите кои на трагичен начин ги загубија животите во несреќата.

“Најискрено сочувство поради ужасната загуба на 59 млади животи во Кочани, Северна Македонија. Овие млади луѓе не беа само сакани деца, браќа, сестри и пријатели – тие беа иднината на оваа земја.”

“Нашите мисли се со фамилиите, локалните жители и сите погодени од оваа незамислива болка,” порачаа од Фондацијата.

Претседателот на фондацијата, Жељко Јовановиќ, ја посети Амбасадата на Северна Македонија во Брисел за да пренесе солидарност и сочувство.

Тој се запиша во книгата на жалост и го запозна амбасадорот на Северна Македонија во Европската Унија, Зулфи Исмаили, со одлуката на Фондацијата да донира 10,000 евра како надомест за фамилиите на жртвите.

“Оваа несреќа не е само огромна индивидуална загуба, туку и горчлив потсетник за системските слабости. Не смееше да се случи – и не смееме да дозволиме повторно да се случи.”

“Неопходно е да се зајакнат структурните мерки за заштита на граѓаните, посебно на младите, од вакви немили настани кои може да се избегнат.”

“Нека сеќавањето на оние кои ги изгубивме биде мотив за делување: за поодговорно општество, за поголема сигурност и за иднина во која слични катастрофи повеќе нема да се случуваат,” потенцираше Јовановиќ.

Во објавата, Фондацијата нагласува дека Европскиот институт за ромска уметност и култура, Фондот за образование на Ромите, Иницијативата за развој на ромското претприемништво и Роми за демократија се придружуваат на Фондацијата Роми за Европа во изразувањето поддршка за жртвите од оваа трагедија.