Почетна ЕкономијаРоманија: Поддршка за нови санкции кон Русија

Романија: Поддршка за нови санкции кон Русија

од nenad
1 минути читај за

Романија го поддржува воведувањето на дополнителни мерки против Русија, објави претседателот на Романија, Никушор Дан, на платформата X.

Тој денес, преку видео конференција, зеде учество на Самитот на Коалицијата на подготвените, кој се одржа во Париз.

“Имавме многу добра и смислена дискусија, со која претседаваа (францускиот претседател) Емануел Макрон и (британскиот премиер) Кир Стармер,” изјави Дан.

Тој додаде, “Ја ценам напорната работа и напредокот во постигнувањето цврсти гаранции за безбедноста на Украина,” потенцирајќи дека трансатлантското единство и координација “се наша силна страна во однос на Русија.”

Дан го поздрави присуството на претставниците на САД на денешната средба.

ми/фото: МИА архива

Извор: МИА