Почетна ЕкономијаРоманија повлече 1,2 тони сомнително месо од продажба

Романија повлече 1,2 тони сомнително месо од продажба

од nenad
1 минути читај за

Инспектори од Управата за санитарни, ветеринарни и безбедносни прашања за храна во романскиот град Бузеу повлекоа 1,2 тони месо од промет, поради сомневање дека е инфицирано со вирусот на африканска свинска треска, објави телевизијата Диџи24.

Во текот на јуни биле извршени повеќе од 300 контроли кај економски субјекти по целиот ланец – од продукцијата до продажбата. Контролите беа фокусирани на придржување кон општите хигиенски услови, барањата за следливост и коректно обележување на прехранбените производи.

„По завршените проверки беа евидентирани структурни пропусти, недостиг на здравствени прегледи, немање мониторинг на температурата во ладилниците, проблеми со етикетирањето, складирањето и манипулацијата со храната. Како резултат на овие неправилности беа изречени шест парични казни во вкупна вредност од 33,600 леи (околу 13,000 лева) и издадени 23 опомени“, соопшти Управата.

Покрај тоа, беа земени над 380 примероци од храна за да се испита нивната усогласеност со законските прописи. Пред само седум дена, вирусот на африканската свинска чума беше потврден на две фарми во областа Бокша, во југозападна Романија.

Локалниот центар за контрола на болести презеде ригорозни мерки за контрола и превенција, вклучувајќи и воспоставување на зона за надзор со радиус од десет километри, која ги вклучува и блиските ловишта.

Африканската свинска чума е вирусно заболување кое не се пренесува на луѓето и не претставува опасност по јавното здравје, но предизвикува големи економски загуби во сточарството, нагласуваат романските медиуми.

ссм/фото: архива.
Извор: МИА