Ви доаѓаат гости, а немате идеја за салата?Овој рецепт можете да го направите брзо и веднаш да го послужите јадењето. Се прави со макарони, шунка и зеленчук и е одличен како предјадење со проја, пити и ролати, но и со главно јадење како месо и печење.Состојки:200 гр макарони250 гр шунка120 гр слатка пченка120 гр варен грашок Поврзани објави100 гр маслинки3 лажици мајонез1 лажичка сенфсолмаслиново маслоПодготовка:Макароните се варат во солена вода во која додаваме малку маслиново масло за да не се залепат макароните. Процедете ги и оставете ги да се изладат. Во тестенините додадете варена пченка, варен грашок, шунка исечкана на ситни парчиња и маслинки. Измешајте мајонез со сенф, добро измешајте и додадете го во салатата. Добро измешајте.
Решение за ненајавени гости, имаме спас! – Убавина и здравје
85