Резултатите од анкетата на Ифоп (Ifop), објавена денес за француската телевизија ЛЦИ, откриваат дека приближно 63 отсто од француските граѓани посакуваат распуштање на законодавниот дом и организирање нови избори, додека премиерот Франсоа Бајру се обидува да ја зачува својата влада на малцинството.
Британските медиуми наведуваат дека анкетата на Ифоп била спроведена преку интернет вчера, на примерок од 1.000 анкетирани лица.
Владата на малцинството предводена од Бајру се наоѓа пред потенцијален пад следниот месец, откако трите водечки опозициски партии соопштија дека нема да ја поддржат на гласањето за доверба на 8 септември, кое Бајру го најави поради неговите планови за радикално кратење на буџетот.
По објавата на премиерот Бајру, француските акции и обврзници оваа недела беа погодени од оваа сериозна политичка несигурност.
Одлуката за распуштање на парламентот треба да ја донесе претседателот Емануел Макрон, а според анкетата на Ифоп, 51 отсто од анкетираните веруваат дека Макрон нема да го стори тоа.
Како алтернатива на распуштање на парламентот, доколку Бајру го изгуби гласањето за доверба, Макрон има можност да именува нова влада.
фото:ЕПА
Извор: МИА