Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат. Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото.Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово.Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/
- Општина Аеродром втора година по ред обезбедува часови за бесплатно пливање за првачињата и децата со попреченост
- Пелистер ќе игра против тимот на Никола Јокиќ
- ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ВУЛКАНИ И ЗЕМЈОТРЕСИ“ Адора Бизнис Групацијата одбележа 22 години успешен развој
- Се трага по 11 луѓе по пожар во Франција