Стефан Ѓуриќ – Раста во последно време се поотворено зборува за своите затворски денови, но во еден подкаст неодамна открил која е најсуровата случка на која присуствувал.
Како што кажал, тепачките не го вознемириле толку, колку што биле самубиствата на некои од затворениците.
Поврзани објави
„Тепачките се океј, тоа можам да го разберам. Но, имаше и одвратни ситуации, неколку момчиња се убија, разбираш? Се обеси еден од нив. Како се обесил? На креветот. Замисли колкава желба имаш за да се обесиш, која е таа желба за да умреш. Тоа ми беше најсурово. Имаше и такви ситуации, одиш да прошеташ и одеднаш жилет на врат. Но, добро, се е тоа живот“ – раскажал Раста во подкастот.