77
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека за него приоритет е специјалната воена операција во Украина. Тој истакна дека е во постојан контакт со Министерството за одбрана, пренесе Ројтерс. „Па, се разбира дека давам приоритет (тоа). Со тоа го започнувам денот и со тоа го завршувам“, изјави Путин во интервју за новинарот за програмата „Москва.Кремлин.Путин“ на телевизијата „Русија 1“, одговарајќи на прашањето колку време посветува на текот на специјална воена операција