Почетна МакедонијаПРОФЕСОРОТ НА ФИНКИ, КУЛАКОВ: Да го укинеме Уставен Суд и да го замениме со CHAT GPT

ПРОФЕСОРОТ НА ФИНКИ, КУЛАКОВ: Да го укинеме Уставен Суд и да го замениме со CHAT GPT

од nenad
1 минути читај за




Професорот по вештачка интелигенција на ФИНКИ при УКИМ, Андреа Кулаков со многу интересен предлог за тоа како да се бориме со корупцијата во земјава.ж
– Само ако го укинеме човечкиот фактор и се потпреме на компјутерите ќе имаме реална борба против корупцијата. Еве на пример предлагам да се укине уставен суд и да се замени со Чат ГПТ, тој веднаш ќе прави споредба на сите закони со уставот и веднаш ќе дава одлука дали е некој занон противуставен или не, исто е и со другите судови во земјава. Исто така треба да се забрани на собранието да гласа специјални економски закони за разни проекти, тие закони сами по себе се противуставни затоа што ставаат одредени правни субјекти во привилигирана позиција на пазарот и за нив важат специјални правила без тендер и јавни набавки па се кријат и одредени договори од јавноста под изговор дека се некаква државна тајна. – заклучи професорот Кулаков на деншната конференција во Панорамика организирана од Европската Конвенција на тема борба против корупција.