Во селото Миравци, во гевгелискиот регион, денес ќе се одржи прославата на Меѓународниот ден на задруги, во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ).
Според информациите од МАЗЗ, овој настан има за цел да поттикне дијалог меѓу земјоделците, државните и недржавните организации, како и да го промовира економското здружување на земјоделците како единствена иднина за унапредување на земјоделството во регионот.
“МАЗЗ е единствена организација која од нејзиното формирање, во соработка со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство веќе 12 години по ред, првата сабота од месец јули, го организира Меѓународниот ден на задруги кој на истиот датум секоја година паралелно се одбележува во целиот свет.”
“Целта на организирање на овој настан е развивање дијалог помеѓу земјоделците (задругари), владините и невладините институции и позитивна промоција на економското организирање на земјоделците како единствена перспектива за развој на земјоделството во регионот,” се вели во официјалното соопштение.
ра/сст/Фото: .
Извор: МИА