Почетна Убавина и здравјеПросидба на настапот на Каќа Грујиќ, спектакл кој ги освои срцата на Македонците! Ова ќе се раскажува (ВИДЕО)

Просидба на настапот на Каќа Грујиќ, спектакл кој ги освои срцата на Македонците! Ова ќе се раскажува (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Емотивниот момент го заокружи со легендарната „Македонско девојче“

Пејачката Каќа Грујиќ синоќа го „запали“ Охрид со својот настап, но вечерта доби и посебен момент како вистинска бајка. На полноќниот настап, момче пред полн клуб ја запроси својата девојка.

Клубот во еуфорија го проследи емотивниот момент, а веднаш потоа Каќа за сета публика ја отпеа култната песна „Македонско девојче“. Овој потег ја разгоре атмосферата и предизвика громогласни аплаузи и емоции.


Поврзани објави

Извор од местото на настанот изјави дека момчето побарало кратка пауза за просидбата, која Каќа со радост ја прифатила, особено што тој важен чекор се случил токму на нејзиниот настап. Кога девојката кажала „да“, сите во клубот заедно ја пееле „Македонско девојче“.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ

На социјалните мрежи, Каќа се заблагодари за незаборавната ноќ и најави дека летото е исполнето со настапи. Нејзината енергија и харизма ја прават една од најбараните пејачки, а веќе има закажан и новогодишен концерт во Македонија, што ја докажува нејзината голема популарност.

printskrin Youtube-televizija E katerina grujic