Ќе уживате во сочни залаци, а приготвувањето е многу лесно, па ќе успеат и оние кои не се вешти во кујната.
Секогаш кога приготвуваме јадење, прибегнуваме кон оние полесни, брзи рецепти кои нема да ни одземат многу време. Ова солено задоволство ќе ве засити и ќе биде толку вкусно што сигурно веднаш ќе исчезне од тавата.
Приготвувањето на оваа солена пита не одзема многу време, бидејќи е и брза и едноставна, а домашните пити отсекогаш биле омилени на нашите простори.
Состојки:
– 2 лажици брашно
– 1 кесичка прашок за печиво
– 2 јајца
– 3 тиквички со средна големина
– 200 мл јогурт
Поврзани објави
– 80 мл масло
– сол и бибер, копар и по вкус
– сирење по желба
Приготвување:
Јајцата се матат, се лупат тиквичките и се сечат на коцки, се додаваат јајцата.
Се меша со масло и јогурт. Во смесата додајте брашно и прашок за печиво, па зачинете по желба.
Истурете во тавче намачкано со масло или обложено со хартија за печење, па протресете додека површината на смесата не се изедначи.
Печете во рерна загреана на 180°C додека зарумени.