Почетна МакедонијаМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски освари средба со Македонци кои живеат во Албанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски освари средба со Македонци кои живеат во Албанија

од nenad
1 минути читај за

Престојот во Тирана го искористив и за срдечна средба во просториите на македонската амбасада со дел од Македонците кои живеат во Албанија. Имав можност непосредно да се запознам со нивниот начин на живот тука, како и предизвиците и проблемите со кои се соочени. Ме запознаа и со активностите кои ги преземаат во насока на негување и зачувување на македонската култура и идентитет.

Силно верувам дека македонските заедници во странство се важен дел од нашиот национален идентитет. Нивната љубов кон татковината е евидентна. Овие луѓе беа заборавени и затоа одржувањето на блиски контакти со нив е од исклучителна важност, а јас секогаш сум подготвен за соработка и поддршка во рамките на моите можности. Мојата врата е секогаш отворена за комуникација и заедничко делување, сè со цел да ги зајакнеме врските помеѓу татковината и нашите граѓани во дијаспората.


Post Views:
39