Почетна ЕкономијаПретставници на Националното студентско тело на средба во собраниската Комисија за образование

Претставници на Националното студентско тело на средба во собраниската Комисија за образование

од nenad
1 минути читај за

Членовите на собраниската Комисија за образование, наука и спорт оствариле средба со претставници на Националното студентско тело на која дискутирале за барањата за унапредување на студентскиот стандард и за подигнувањето на квалитетот во високото образование.

-Беа разгледани нивните барања за подобрување на условите за живот на студентите и за потребата од квалитетно образование како влог во развојот на државата на која и се потребни стручни и висококвалификувани млади луѓе, соопшти Комисијата.

 Како што наведува, присутните биле согласни „овие средби да продолжат со цел да се изнајдат најквалитетните решенија за вакви значајни прашања“.

хс/ац/Фото: Комисија за образование, наука и спорт во Собрание на РСМ  .

Извор: МИА