Почетна ЕкономијаПретседателот на Јужна Кореја денеска прогласи воена состојба

Претседателот на Јужна Кореја денеска прогласи воена состојба

од nenad
0 минути читај за

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол денеска прогласи воена состојба со цел да се искоренат „просевернокорејските сили“ и да се одржи уставниот поредок, објави „Јонхап“.
Во текот на изминатиот месец, Северна Кореја ги прекина далноводите инсталирани од Јужна Кореја за снабдување со електрична енергија на затворениот заеднички индустриски парк и разнесе делови од патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја северно од воената линија за разграничување.Претходно, Северна Кореја ги отстрани уличните светла и постави мини долж патиштата Ѓеонгги и Донхае, и распореди војници на својата страна од демилитаризираната зона, според јужнокорејската новинска агенција.