Делегацијата на Собранието на Македонија предводена од претседателот Гаши, беше примена и од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај при што беа споделени видувања за регионалните предизвици, модалитетите на билатералната соработка меѓу двете држави, искористување на потенцијалите од засилена економска соработка, но и културна и туристичка размена.

Беше акцентирано значењето на албанскиот политички фактор во Македонија, како и конструктивната политика на Република Албанија кон случувањата во Регионот и на планот на заедничкото интегрирање во Европската Унија.

Како НАТО сојузници, беше потенцирано дека двете земји имплементираат миротворни политики, за доброто на целиот регион на Западен Балкан. Имајќи го предвид фактот што Република Македонија и Република Албанија се дел од Јужното крило на НАТО, беше истакната потребата од зајакната и динамична соработка, што ќе биде одговор кон реалните закани од секаков вид.
Во текот на разговорите, беа разгледани можностите за искористување на европските фондови за инфраструктурни проекти, што ќе донесат бенефит за граѓаните на двете држави.
Post Views:
64
Извор : vesnik-ilinden.com