Четиригодишно дете од Македонија исчезнало во Голем, во близина на Алто Маре, Албанија. Семејството веќе подолго време трага по детето, но засега нема информации за неговото движење или местоположба.
Случајот е пријавен во полиција во Голем, а семејството упатува итен апел до сите граѓани и туристи кои се наоѓаат во областа да помогнат во потрагата.
Според информациите објавени од JOQ Albania, во моментот на исчезнувањето детето било облечено во зелено костимче за капење, а во раката носело пиштол-играчка на вода.
Се повикуваат сите кои се наоѓаат во Голем, особено во околината на плажата, хотелите и туристичките објекти, внимателно да ја проверат околината.
Секој што го забележал детето или има каква било информација за неговото движење или местоположба, веднаш да ја извести полицијата и семејството.
Станува збор за итна потрага и секоја информација, дури и онаа што можеби изгледа незначајна, може да биде од голема помош.
Post Views: 8
Извор : vesnik-ilinden.com