Почетна СветПретседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во Драч

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во Драч

од nenad
1 минути читај за

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери.

Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање.

Претседателот Бегај истакна дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ. Тој изрази подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција, додавајќи дека членството во ЕУ гарантира владеење на правото, заштита на човековите права и јакнење на демократскиот капацитет.

На средбата, обајцата ја повторија потребата од негувањето на меѓусебното партнерство на мултилатерален план. Истовремено, се согласија дека треба да се прошири и продлабочи соработката на сите полиња.


Post Views: 47

Извор : vesnik-ilinden.com

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во Драч