Професорката Билјана Ванковска реагира на изјавата на претседателката Гордана Силјановска Давкова дека ова е битка за младите за четврта македонска република.
„“Сиљановска-Давкова посочи дека ова е битка за младите е битка за четвртата македонска Република, битката за најдобрите и на најталентираните, на креативноста наспроти деструктивноста, битка за четвртата македонска Република.” (Курир) Претседателката веројатно малку се занела, како да е уште професорка. Но, како носител на највисока политичка функција таа треба, пардон МОРА да сфати дека ги претставува и неталентираните, обичните, просечните. Што со нив во Четвртата Република? Дали оној што природно не е надарен, кој спаѓа во просечните, или многу често од социјални причини останува на маргините е помалку граѓанин и помалку заслужува право на потрага по среќата (pursuit of happiness)? Извонредноста треба да се бара и негува во одредени сфери, меритократијата да биде принцип на создавање стручни служби и сл. Но, општеството е нешто сосема друго. А политичарите (кои ни сами не ги исполнуваат условите за извонредност) всушност имаат обврска да воспостават служби за СИТЕ, и за најнеспособните. Каков елитизам! Професорски е разбирливо, претседателски – не!“, напиша таа на социјалните мрежи.