Противпожарната служба на Грција, со 12 пожарникари и четири возила интервенирала за гаснењето на пожарот на пет училишни автобуси, три автомобили и три мотоцикли, кои целосно изгореле, а била предизвикана материјална штета и на други паркирани автомобили.
Неофицијално, возилата биле паркирани пред приватно училиште, во чија сопственост се и минибусите што целосно изгореле.Потпалувањето беше во атинската населба Зографу во близина на Универзитетскиот кампус, а ова беше втор случај во истата област во изминатите пет дена, откако во текот на ноќта во неделата маскирани лица предизвикаа инциденти со полицијата и запалија паркирани возила.