Почетна ТехнологијаПремиерот Мицкоски оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер

Премиерот Мицкоски оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер

од nenad
1 минути читај за




Почитувани,
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска 26.06.2024 година оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер.
На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата.

   

Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.Амбасадорката Агелер ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.