Почетна ТехнологијаПредлог Законот за судска служба е подготвен и објавен на ЕНЕР, до јуни 2025 година треба да се донесе

Предлог Законот за судска служба е подготвен и објавен на ЕНЕР, до јуни 2025 година треба да се донесе

од nenad
1 минути читај за

Министерството за правда  пристапи кон изготвување на овој закон во кој се инкорпорирани  препораките од повеќе домашни и меѓународни извештаи и документи кои се однесуваат на потребата за унапредување на статусот на судската служба , содржани во  Стратегијата за човечки ресурси во судска служба и препораките од Реформската агенда . Со цел да се  обезбеди независност на судството, Предлог законот предвидува изземање на судските од административните службеници регулирајќи ги  правата и статусот на вработените во судската служба .

Се воспоставува систем за управување со ефектот на судските службеници,  работните цели и задачи, утврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на судскиот службеник. Се интервенира во одредбите за висината на платата со цел привлекување, задржување и мотивирање на вработените; регрутирање на висококвалитетни кандидати на соодветни работни места и вршење на избор со помош на ефикасни и транспарентни алатки.

   

Оваа реформа е од клучно значење за мотивирање на вработените  кои треба да бидат  посветени во давањето на  висококвалитетни јавни услуги. Со ова законско решение се  излегува во пресрет на синдикатите и нивните долгогодишни барања. Сите заинтересирани имаат можност да дадат свои коментари, предлози и сугестии на Предлог  законот за судска служба кој според реформската агенда треба да се донесе до јуни 2025 година.