Израмни Брегалница со голот на Калпачки (56`), но нејзината радост кратко траеше бидејќи веднаш во следниот напад Стрија ја врати позитивата преку Ибраими.
Во 68 минута уште еден фудбалер на Струга беше исклучен, Бојку доби црвен картон, но тоа не ги спречи играчите на Шпетим Дуро постигнаа уште еден гол во финишот (Укпа, 90+1`).Најубедлива денеска беше екипата на Македонија ЃП која со 3:0 го надигра Гостивар. По еднаш во листата на стрелците се запишаа Величковски во седмата, Мишевски од пенал во 81 минута и Илиевски во судиското надополнување (90+1`).
Сигурен беше и Работнички кој со 2:0 триумфираше над Воска Спорт со погодоците на Велкоски од пенал (31`) и Гандо (59`).Силекс од Кратово против Шкендија можеше да поведе во 20 минута, но непрецизен од белата точка беше Ристовски. Сепак во 58 минута домаќинот успеа да дојде до предност со голот на Милосављевиќ, потоа тетовскиот клуб израмни преку Цаке (90+1`), но во следната минута победа за Силекс донесе Лазаревиќ.
ПМФЛ, 7 коло
Резултати, недела –
Брегалница Штип – Струга 1:3
Македонија ЃП – Гостивар 3:0
Работнички – Воска Спорт 2:0
Силекс – Шкендија 2:1
Тиквеш – Вардар 1:0
Табела:
1. Шкендија 13 бодови
2. Брера Струмица 13
3. Силекс 12
4. Шкупи 12
5. Тиквеш 10
6. Работнички 10
7. Струга 9
8. Брегалница Штип 9
9. Македонија ЃП 8
10.Воска Спорт 7
11.Вардар 4
12.Гостивар 3