Почетна ЕкономијаПрвото бебе во 2024 година е машко

Првото бебе во 2024 година е машко

од nenad
1 минути читај за

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00. 00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.

760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10.  Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат.

Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

– На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението. Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња. мд/дма/Фото: МИА архива и ГАК   .

Извор: МИА