Почетна ЕкономијаПратениците донесоа измени на законите за јавниот сектор, шумите и платите на функционерите

Пратениците донесоа измени на законите за јавниот сектор, шумите и платите на функционерите

од nenad
1 минути читај за

Со мнозинство гласови „за“ пратениците на денешната 125 седница на Собранието ги донесоа законите за изменување и дополнување на Законот за високи раководители и на Законот за вработените во јавниот сектор.

На денешната седница мнозинството ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица и на Законот на шумите.

Поради немање деловнички можности за останатите точки за расправа, потпретседателката на Собранието Весна Бендевска ја прекина седницата, а за нејзиното продолжување ќе има дополнително известување.

На дневен ред на 125. Собраниска седница за разгледување се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за административни службеници и на Законот за надворешни работи, како и предлог Национална програма за високото образование со предлог мерки, за периодот 2025-2030 година и предлог Национална програма за научно – истражувачка дејност со предлог мерки, за периодот 2025-2030.
МИА